Подготовка на фајл за печатење

Фајловите треба да бидат во формат TIFF, PSD, EPS или JPEG (максимален квалитет) за кодирање, и сите други опции треба да се откажат! Бојата мора да биде CMYK, или GRAYSCALE, доколку сакате црно-бело печатење. RGB, LAB боја или било која друга боја нe е неприфатливa. Сите Леери треба да бидат споени во позадина. Каналите треба да бидат само CMYK, без дополнителни канали. Димензиите треба да бидат во реални (точни) димензии – сооднос 1:1 – НЕ скалирани во пропорција. Фајловите мора да бидат во целост – не сепарирани по бои. (ОСВЕН ЗА МЕГАПОЗИЦИИ каде што соодносот треба да биде 1:10) TIFF и PSD датотеки треба да се зачувани со LZV компресија. Во зависност од големината на датотеката, резолуција може да биде од 300 dpi (за билборди, банери со големи димензии и мегалајти) до 200 dpi за висока резолуција со фото квалитет. Стандардната резолуција треба да биде од 100 до 150 dpi. Не ги спојувајте различните фајлови во еден фајл. Секој фајл треба да се зачува одделно.

Подготовка на фајл за сечење по контура

Фајловите треба да бидат во AI (Adobe Illustrator CS4+) формат. Сликите мора да бидат вградени во датотеката (не линкувани). (За сетинзите за слики ве молиме проверете горе наречен “Settings”). Димензиите на фајлот треба да бидат во реални (точни) димензии – сооднос 1:1 – НЕ скалирани во пропорција. Контурата треба да биде крива, без FILL, со дебелина на линија од 1pt со било која боја која не се користи на друго место во фајлот, и треба да се стави во посебен LAYER наречен “CUT”. Ве молиме оставете 3-5 милиметри обрез на графиката од контурата која треба да се исече. Ако постојат CREASE линии, треба да бидат различни по боја и место од CUT линиите, исто така да не се користат на друго место во фајлот и треба да биде во различни слој наречен “CREASE”.

Подготовка на фајл за сечење по контура и печатење

Фајловите треба да бидат во AI (Adobe Illustrator CS4+) формат. Сликите мора да бидат вградени во датотеката (не линкувани). (За сетинзите за слики ве молиме проверете горе наречен “Settings”). Димензиите на фајлот треба да бидат во реални (точни) димензии – сооднос 1:1 – НЕ скалирани во пропорција. Контурата треба да биде крива, без FILL, со дебелина на линија од 1pt со било која боја која не се користи на друго место во фајлот, и треба да се стави во посебен LAYER наречен “CUT”. Ве молиме оставете 3-5 милиметри обрез на графиката од контурата која треба да се исече.

Подготовка на фајл за промо медиа

За подготовка на фајлови за промо медиа набавени од Мај Принт, контактирајте не за подетални информации како димензии итн.

Испраќање на подготовки

Фајловите можете да ги испраќате преку е-пошта на info@myprint.com.mk, но имајте предвид дека пристигнувањето на фајловите зависи од моменталниот e-mail сообраќај.

МНОГУ ВАЖНО

За фајлови поголеми од 10MB, предлагаме истите да се прикачат на сервери како wetransfer или sendspace и линкот за нивно преземање да се препрати преку е-пошта. Исто така, фајловите може да се донесат во нашите канцеларии на DVD, CD или USB.